Бугарски државјани посебно од пограничните места често доаѓаат да пазарат на градскиот пазар во Делчево

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарски државјани посебно од пограничните места често доаѓаат да пазарат на градскиот пазар во Делчево. Сметаат дека цените се слични малку на пазарите во Бугарија, но сепак посочија дека зеленчукот и овошјето се за нијанса поевтини заради што доаѓаат барем еднаш месечно на пазар во Делчево, првиот град по границата помеѓу двете држави.

– Цените се нормални и задоволителни. Ориз, јужно овошје, зеленчук…тоа ни е на агендата денес за купување. Ќе најдеме и по некој млечен производ, а ако успееме и ќе ручаме во некоја од вашите кафеани – вели жител од Благоевград.

Жител на Делчево додава дека Бугарите најчесто се овде токму за храната која се служи во делчевските угостителски објекти.

– На Бугарите најслатки им се ќебапчињата, денес гледам повторно се тука, минатата сабота имаше повеќе автобуси. И за нас останатите добар е пазарот денес, има разновидна понуда – вели граѓанин на Делчево затекнат на градскиот пазар.

Повеќето пазарџии се задоволни како се движеше продажбата во рамки на денешниот пазар, додека некои велат дека граѓаните понекогаш премногу се „ценкаат“ за робата.

– Јас сум од Тработивиште. Не е скап пазарот, еве јас продавам зелка, цената е 40 денари парче. Исто имам и домашен компир и тој не е скап, но кога купуваат велат скапо им е. А навистина не е скапо и ние понекогаш треба да си го цениме трудот, што е 30,40 денари за една зелка или 1 килограм компир – вели производител од Тработивиште.

Саботниот пазарен ден помина во знакот на градинарските производи, погодни за производство на ајвар, туршија и други намирници кои се употребуваат при подготовката на зимница.

фото: МИА

Share This Article