Иако календарски пристигна пролетта, Сараево синоќа беше покриено со снег кој почна да паѓа, а температурите исто така се нешто пониски од претходните денови, па во главниот град на Босна и Херцеговина утрово беа измерени 0 степени.
Снег падна на одамна расцутениот бехар, додека граѓаните, пак, се сведоци на зимски сцени, иако многумина мислеа дека конечно дојде подобро време и дека на некое време ќе се заборават капутите, капите и шаловите.
Според прогнозата на Федералниот хидрометеоролошки институт на БиХ (ФХМЗ), во Сараево денеска ќе биде облачно во поголемиот дел од денот, а во претпладневните часови се најавуваат и лапавица и дожд. Делумно намалување на облачноста се очекува во текот на вечерните часови, додека највисоката дневна температура на воздухот ќе достигне до 6 Целзиусови степени.
Сепак, за следните три дена се најавува подобро време за цела БиХ, температурите на воздухот ќе бидат во пораст, па утре највисоката дневна температура се очекува да се движи од 10 до 16 степени, додека во среда ќе достигне 22 Целзиусови степени.