More

    Газдата на AirAsia полугол се опушта додека УО расправа

    spot_img

    Сопственикот на AirAsia, Тони Фернандес, предизвика бура на социјалните мрежи, откако сподели фотографија на која го масираат полугол за време на состанок на Управниот одбор на компанијата. Ко-основачот на малезиска нискобуџетна авиокомпанија објави фотографија на LinkedIn и ја пофали културата на неговата компанија, но доби критики за несоодветната работна средина.

    Во својата објава, деловниот магнат рече дека имал „стресна недела“, па колегата му предложил масажа. На фотографијата е прикажан како седи во канцелариска конференциска сала додека маскиран работник го трие по рамото, пишува CNN.

    „Ја сакам Индонезија и културата на AirAsia. Можам да се препуштам на масажа и во исто време да одржам состанок на одборот“, напиша Фернандес.

    Објавата беше избришана неколку дена подоцна по бранот критики, при што многу корисници на LinkedIn изјавија дека неговото однесување е непрофесионално. Еден критичар забележа дека тоа може да направи другите луѓе на работното место да се чувствуваат непријатно.

    „Мислам дека жените во вашата компанија не би се чувствувале удобно или безбедно во овој контекст, а бидејќи вие сте шеф, тие веројатно нема да ве предизвикаат или да кажат ништо. Очигледно сте паметен лидер кој се грижи за култура, но ова не е добар начин“ – коментира еден корисник.

    Фернандес претходно за Блумберг изјавил дека штотуку излегол од лет од 18 часа и дека имал болки во грбот, па го прифатил предлогот за масажа.

    Тешко е да се објасни процесот на размислување зад објавата, па ја избришав. Не сакав никого да навредам – објасни шефот на AirAsia.

    Фернандес е најпознат по повторното лансирање на AirAsia, првата нискобуџетна компанија во регионот. Сега е извршен директор на матичната компанија, Capital A Airlines.

    Претприемачот некои го нарекоа „Ричард Бренсон од Азија“ откако ја започна својата кариера со основачот на Вирџин Груп во Обединетото Кралство, каде што станаа пријатели. Фернандес потоа продолжи да ги води операциите на Warner Music Group во Југоисточна Азија, пред да ја купи AirAsia во 2001 година, тогаш банкротирана малезиска компанија, за само 26 центи. AirAsia ја рестартираше работата и денес е едена од водечките авиокомпании за евтини патувања во регионот.

    AirAsia Group минатата година се ребрендираше во Капитал А во обид да покаже дека станува „повеќе од само авиокомпанија“.

    Надвор од авијацијата, деловната групација работи со она што го опишува како „суперапликација“ или платформа наменета да понуди сè, од нарачка на храна и испорака до резервација на летови на едно место.

    Фернандес нашироко зборуваше за неговата желба да поттикне отворена работна култура.

    – Сакам луѓето да бидат тоа што се. Мислам дека хиерархијата може да биде многу штетна за една организација. Сакам да му покажам на светот дека Малезија може да има одлична компанија и сакам да ме паметат по тоа што создадов одлично место за работа – изјави Фернандез во интервју за Си-Ен-Ен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img