Голем ден за пејачката Тамара Тодевска и нејзиното семејство. Пејачката завчера му направи крштевка на синот Дарен во „Св. Јован Крстител“.
Тамара објави фотографии од крштевката на кои е заедно со неговиот кум, ракометарот Дејан Манасков и нејзината сестра Тијана.
И Тијана објави фотографии од светиот чин на својот внук Дарен.
„Среќна крштевка Дарен, среќно ти име, да си здрав и среќен, мил на кека“.
Дарен во декември ќе наполни пет години.
ФОТО: Инстаграм