Сопругата на најдобриот светски тенисер Јелена Ѓоковиќ импресионира со своите облеки на Вимблдон оваа година.
Јелена Ѓоковиќ е позната по својот уникатен стил на облекување и ненаметливата гардероба, а својот вкус за мода го покажа на трибините на Вимблдон каде го поддржува својот сопруг.
Јелена на третиот натпреварувачки ден на Вимблдон носеше едноставна бела блуза над која носеше вдлабнат кардиган исткаен со златни конци.
Една од највпечатливите комбинации досега беше розов топ фустан со засукани ракави, со кој Јелена искомбинираше бел шешир.
А со оваа комбинација таа се одлучи за дискретен накит.
За четвртфиналниот меч, кој Новак го одигра успешно, Јелена носеше цветен фустан над кој облече жолта јакна.
Дискретниот накит со пуштена коса беше вистинскиот избор.
Јелена уште еднаш го потврдува правилото дека едноставноста е еден од најважните елементи доколку сакате да изгледате уникатно и елегантно.