More

    Дезинформациите може да убијат и да доведат до враќање на искоренети болести

    spot_img

    Имаме здравствени работници кои треба одат да работат во странство и за два месеца треба да примат 10 вакцини. Кај работеле дотогаш како здравствени работници? Исто така, кај многу често се случува да кажат немате вакцини за жолта треска. Тогаш никој не прашува каков е квалитетот на вакцината за жолта треска, бидејќи треба на Малдиви да се патува. Кога студентите се запишуват на студии надвор, примаат по 4-5 вакцини за три месеци, затоа што тие универзитети таму ги бараат тие вакцини, а нашата држава во континуитет ги обезбедува“, кажа проф. д-р Александра Грозданова, националниот координатор за иминизација.

    Редовната вакцинација е многу важна за спречувањето на епидемии и спасување на човечки животи, беше кажано на денешниот брифинг на тема „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации”, во организација на Министерството за здравство.

    – Ниту една вакцина во земјава го нема достигнато препорачаниот опфат од 95%. Опфатот со МРП вакцина бележи благо зголемување во однос на 2021 (70,4 отсто) и во земјава во 2022 е 70,7 отсто, а со ревакцинација е 89, 32 отсто, и сѐ уште е со низок опфат. Во 2022 и 2023 веќе има зголемување на падот на вакцинираноста. Се надевам дека апелите ќе стигнат до родителите. Бидејќи во моментот кога ќе се намали опфатот, ризикот за појава на морбили е исклучително висок – кажа проф. д-р Грозданова.

    Професорката потсети дека во нашата земја во 2018 година се појави првиот случај на морбили, во 2019 година во февруари беше прогласена епидемија со морбили, при недоволен опфат на вакцинирани деца. Во тој период морале да се преземат активности за интензивно вакцинирање на сите оние деца кои не беа вакцинирани. Во следните шест биле дадени 41 илјада и шестотини вакцини на деца до 14 години. На најголем дел од родителите, грижата околу вакцината им била поради страв од аутизам. Но, до денеска, не било констатирано такво нешто. Тоа, нагласи, е потврда дека вакцината е навистина безбедна. Благодарение на вакцинацијата, рече, во овој период не се појавени нови епидемии со морбили.

    – Исклучително е битно на родителите да им се објаснува дека таа вакцина се дава со децении наназад, подвлече таа, нагласувајќи дека вакцината е правилна одлука за да се заштитат децата од болеста.
    Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ потврди дека процентот на вакцинирани со неколку вакцини задолжителни за деца е со мал опфат во Куманово, но 60 проценти е вакцинацијата со ХПВ вакцината, што пак во Скопје е само 13 проценти.

    – Во основа треба да се работи на детекција на проблемите што се јавуваат, во редовна комуникација помеѓу здравствените работници и помеѓу родителите – додаде тој, нагласувајќи дека е многу важно да се пренесува пораката за тоа колку се важни вакцините.

    Мехмедовиќ подвлече дека единствено бројка од 95 проценти вакцинираност гарантира дека при појава на случаи на морбили, ќе нема епидемија.

    На значењето на вакцините се осврна и Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ, нагласувајќи дека редовната имунизација е многу важна тема. Таа нагласи дека новите генерации ги имаат бенефитите, кога претходните редовно се вакцинирале и се искорениле болести што можат да доведат до смрт. Порача дека редовната вакцинација да продолжи и понатаму.

    Бојан Кордалов, виш комуникациски специјалист, се осврна на тоа колку е важно да се спречат лажните вести и ненаучните информации околу вакцинацијата, затоа што предизвикуваат страв и низок опфат со вакцинирање. Важно е правилното информирање, со цел да не се загрози сопственото и здравјето на другите.

    Со помал опфат на вакцинираноста беа споменати делови од Скопје и Струмица, додека во Кочани, со одредени вакцини, опфатот бил и над 95 проценти. Беше кажано дека треба да се следи примерот и искуството на општините што имаат поголем процент на вакцинираност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img