More

    Синдикатите бараат да се користи брза лента и европско знаменце и за овие плати

    spot_img

    Сојузот на синдикатите апелира Владата да не бара изговори и да не го одложува намалувањето на функционерските плати за 78 отсто.

    Синдикатите, во отворениот апел до владата, бараат таа да го примени истиот принцип како кога ги донесува законите за намалување на правата на работниците и кога го злоупотребува европското знаменце.

    – Владата, да не бара изговори за процесот со намалување на функционерските плати, туку да го примени веќе воспоставениот принцип како кога носи закони на штета на работниците и со злоупотреба на европското знаменце, без широки консултации, без дијалог и без да се грижат за одлуките на Уставниот суд како што тоа го направија за воведување на 72 часовната работна недела или, пак, сега кога сакаат да ја тргнат минималната плата од Законот за административни службеници и да достави до Парламентот предлог на Законот со кој ќе ги намалат функционерските плати за 78% – велат  од ССМ.

    Според синдикатот, не е потребно многу време за да се направи измената на законот, бидејќи во собранието веќе е доставен предлог на измени на законот подготвен од ССМ кој може да го искористи и владата.

    – Пратениците  3 месеци молчат за нашиот предлог- велат од ССМ.

    Предлогот предвидува во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица , да се смени член 11 и да гласи: „Основица за пресметување на платата започнувајќи со исплатата на платата за месец септември 2023 година е минималната плата објавена во Службен весник за претходната година објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика“.

    – Укажуваме дека работниците живеат од плата без право на храна и превоз, а добро е што конечно функционерите како Министерот за надворешни работи разбраа дека треба да се живее од плата, но нивните плати се колку 6 минимални плати, а имаат право на службени возила, обезбедување, ручеци, трошоци и други бенифиции- велат од ССМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img