Словенија се приклучува на земјите во ЕУ кои како безбедносна мерка воведуваат гранични контроли.
Словенечката влада денеска ќе одлучува за воведување гранични контроли со Хрватска и Унгарија, соопштија од словенечкото МВР, јавија словенечките медиуми. Министерот веќе ги известил своите хрватски и унгарски колеги.
– Словенечкото МВР подготвува известување до Европската комисија за воведување гранични контроли, согласно шенгенските правила. Станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичка закана во земјите од ЕУ – изјави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар.
Претходно Рим ја извести Љубљана дека поради променетата состојба во Европа и Блискиот Исток, Италија воведува гранични контроли на границата со Словенија. Во текот на овој месец и Германија објави дека воведува контрола на граничните премини кон Полска, Чешка и кон Швајцарија.
фото: МИА