Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 149 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 20 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (88), кое починало во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од Штип, Кичево и од Гевгелија, на возраст од 73 години до 81 години. Пријавените лица се починати во период од 01.04.2022 до 02.04.2022 година. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а едно лице е во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај сите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.981.494 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.654, бројот на оздравени пациенти е 297.059, на починати е 9.244, а бројот на активни случаи изнесува 1.351.