Денеска (18.10.2023) во 09.45 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(31) со живеалиште во Скопје. Тој бил баран со потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.
На 17.10.2023 во 21.20 часот на локален пат за место викано „Крушино“, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Ј.Л.(51) од с.Зајас, кичевско. Тој, кога ги забележал полициските службеници фрлил ќеса со бела прашкаста материја, која пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојувал Ј.Л., при што биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.10.2023 во 21.10 часот на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.Б.(41) од с.Црвивци, кичевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 17.10.2023 околу 23.15 часот на регионалниот пат Боговиње-Пирок, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот Е.А. од тетовско Жеровјане. Во патничкото моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „Зораки 918“ со рамка со два куршуми за кои не поседувал никакви документи. Е.А. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 17.10.2023 во 14.20 часот на регионален пат Гевгелија – Богданци, полициски службеници од Полициската станица Струмица извршиле контрола на патничко возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Г.(33) од Струмица. При контролата било констатирано дека возачот во возилото врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна документација. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум мерки за користење на мобилен телефон при управување возило…
На 17.10.2023 во 19.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на ул.„Тиквешко востание“ во Кавадарци, патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Н.(43) од Кавадарци, удрило во С.Б.(73) од Кавадарци. Во несреќата, С.Б. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.
На 17.10.2023 во 11.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат село Николиќ – Нов Дојран, Б.Н.(56) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, со возилото излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 17.10.2023 во 18.00 часот во Полициската станица Карпош, Р.В.(69) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник.
На 17.10.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.Ј.(39) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник.
На 17.10.1023 во 11.00 часот во Полициската станица Кичево, Џ.С.(61) од Кичево пријавил дека на ул.„Коста Абрашевиќ“ во Кичево бил каснат од куче скитник.