Со амнестии, аболиции и измени во КЗ се урниса правниот поредок, вели Демократски сојуз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со измените на Кривичниот законик, со предлог законот за амнестија и со најавената трета амнестија или ставање во сила на одлуката за аболиција на Ѓорге Иванов, ДУИ и СДСМ дефинитивно го урнисаа правниот систем во државата и создадоа предуслови мафијата да владее во Македонија, да трупа капитал и да ги блокира евроинтеграциите, оценува Демократски сојуз на Павле Трајанов.

Вакво мафијашко владеење нема ниту во јужноамериканските држави! Многу е опасно што угледни професори по казнено право за пари се ставија во одбрана на измените во Кривичниот законик и амнестијата на тешки криминалци.

Во државата никој не верува дека сте загрижени за пренатрупаноста во затворите туку затоа што сте алчни за пари и власт!

Со ваквите одлуки само ја блокирате Македонија на европскиот пат и не можеме да веруваме дека ЕУ и САД очекуваат со овие криминални владини активности да го промените Уставот. Сериозен проблем е тоа што меѓународната заедница не реагира на соодветен начин што власта го злоупотребува како наводна нивна поддршка за ова невидено разнебитување на државата и правниот поредок“, се вели во соопштението на ДС.

Share This Article