More

    Кси Џинпинг со Виктор Орбан: Унгарија ја сметаме за пријател

    spot_img

    Кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

    „Те сметаме за пријател. Активно ја поддржавте заедничката изградба на „Појас и пат“ и придонесовте за подобрување на квалитетниот развој на соработката“, му рекол Кси на Орбан, пренесува Ксинхуа.

    Кси додаде дека во последните години, без оглед на промената на меѓународната ситуација, кинеско-унгарските односи се на високо ниво.

    Тој рече дека Кина е подготвена да го подигне сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Унгарија на ново, уште повисоко ниво.

    Унгарија силно ја поддржува иницијативата „Појас и пат“ од самиот почеток и верува дека иницијативата може да донесе промени во светот и да им користи на повеќе луѓе, рече Орбан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img