Кожата е најголемиот орган во нашето тело и потребна ѝ е соодветна грижа за да го одржи својот младешки изглед. Доколку сакате природни и органски, цените на ваквите креми се вртоглаво високи. Но, затоа имате храна во вашата кујна која можете да ја користите за да ја негувате кожата и одвнатре и однадвор.
Дали барате ефикасен природен производ кој го забавува стареењето и делува превентивно против брчките? Забрзаното стареење има врска со генетиката, но и со начинот на живот кој го водиме. Стареењето на кожата и ткивата може да се забрза бидејќи со текот на годините внесуваме премногу токсини во нашето тело, а нашето тело создава премногу слободни радикали кои ги уништуваат клетките на нашите ткива и ја забавуваат нивната регенерација.
Одговорот е повеќе движење, правилна исхрана и многу, многу вода. Можеме многу да направиме со правилна исхрана, односно доволен внес на антиоксиданти, кои ги има во изобилство во свежиот зеленчук и овошје.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pexels