Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик изјави дека денеска оди на рочиште во судот во Сараево, каде треба да се изјасни дали е виновен според обвинението на Обвинителството на Босна и Херцеговина, кое го обвинува за неспроведување на одлуките на високиот претставник, и најави дека „ќе има циркус““.
Само на суд сакаат да ме сликаат. Но, да знаеја, ќе имаа циркус. Ништо не е докажано, особено дека јас сум виновен, изјави Додик.
Цивилизираниот свет треба да разбере дека ова е целосно незаконска приказна, посочи тој и објасни дека „сакаат да ги обезвластат институциите, да запленат имот и да направат РС да не постои“.
Српскиот народ може да очекува само напади врз РС, врз нивните права и никогаш нема да биде мирен додека не ја напушти БиХ, нагласи Додик во интервју за Вечерње новости.
Тој смета дека обвинението го „заработил“ од високиот претставник Кристијан Шмит, кој е „илегален“ во БиХ.