More

    Буданов вели дека доколку војната не заврши за неколку недели Украина ќе има проблеми

    spot_img

    Русија му обезбедила на Хамас сателитски снимки од својот сателит над Израел, но и тактика со дронови, тврди шефот на украинското разузнавње Кирило Буданов. Тој, исто така, рече дека употребата на беспилотни летала на оклопни возила од страна на Хамас во нападот во саботата ги има белезите на руската вмешаност.

    Во интервју за „Украинска правда“ Буданов потсети дека руски „Спутник“ од Либан емитуваше пропагандна програма на арапски јазик денови пред војната со што ги подгреа страстите.

    – Сега е јасно какви разузнавачки информации Русите почнаа да им даваат на сите заинтересирани страни. Нагласувам дека не само Иран, туку сите заинтересирани страни ја добија оваа информација – изјави украинскиот претставник.

    На социјалната мрежа Икс Сергеј Сумлени, новинар и аналитичар од руско потекло којшто живее во Германија, напиша дека „само Русија има искуство во користење дронови кои фрлаат бомби врз модерни тенкови“ и дека „само Русија можела да го истретнира Хамас за ова“.

     

    Ако војната не заврши за неколку недели тогаш ќе има проблеми за Украина

    Буданов не даде конкретни докази за неговите тврдења. Сателитот за кој се зборува и на социјалните мрежи е рускиот сателит кој беше поставен во договор со Иран од 24 септември 2023 година кога руска делеција во Техеран договори да му дава разузнавачки информации на Иран.

    Запрашан за оружјето од Западот чија испорака може да се намали или да секне поради тоа што САД се приморани да обезбедат муниција и за Израел, Кирил Буданов вели дека нема причина за загриженост доколку војната се заврши за неколку недели.

    – Меѓутоа, ако ситуацијата се одолговлекува, сосема е јасно дека ќе има одредени проблеми со фактот дека ќе биде неопходно да се испорача оружје и муниција не само за Украина – рече тој, како што објави Њузвик.

    САД немаат залихи ниту во Израел, копнената инвазија ги загрижува

    Си-Ен-Ен денеска напиша дека САД се загрижени дека ќе мораат да ги поделат резервите на своето оружје посебно за Украина и посебно за Израел. Тоа, според Си-Ен-Ен, би се случило ако Израел се одлучи да ја спроведе најавуваната копнена инвазија во Газа. За ова прашање дененска Лојд Остин, американскиот секретар за одбрана, разговара во Брисел со претставници од 50 земји од т.н. Здружен Генералштаб.

    Меѓутоа, Си-Ен-Ен забележува дека залихите на САД не се робустни како некогаш. Извор за медиумот потсетува дека САД стотици илјади муниција од своите резерви во Израел претходно оваа година, а за да ги дадат за Украина.

    Километарските тунели под Газа најавуваат долга војна?

    Израелскиот претседател Исак Херцог неодамна изјави дека Израел се подготвува за долга војна со Хамас. Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус изјави дека една од целите на нападите врз Газа е уништувањето на тајниот лавиринт од тунели, изградени од милитантите под земја, односно, според до вториот слој на бункери кои се доградени.

    Точната должина на овој лавиринт тешко е да се процени. На пример, во конфликтот во 2021 година Хамас тврдеше дека тунелите се долги 500 километри. За споредба, метрото во Лондон има вкупна должина од 400 километри.

    Тунелите во Газа почнаа да се градат во 2005 година како рути за бегство на израелските војници. Но, две години пододна Хамас ја презеде контролата врз Газа и засилено почна да ги доградува подземните коридори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img