Новата гранична такса за јаглерод во Европската унија ќе предизвика поскапување на новите автомобили за речиси 600 евра

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новата гранична такса за јаглерод во Европската унија ќе предизвика поскапување на новите автомобили за речиси 600 евра, проценува американската консултантска компанија Boston Consulting Group, .

Регулативата на Европската унија за прекуграничниот механизам за прилагодување на цената на јаглеродот (CBAM) ги обврзува увозниците надвор од ЕУ да ѝ плаќаат данок на јаглеродот што го испуштаат за време на производството, како што се челикот и цементот.

Консултантот пресмета дека просечниот автомобил со 4 врати содржи 7 тони јаглерод диоксид (CO2), од кои нешто помалку од половина се однесуваат на челикот и алуминиумот што се користат за производство на автомобили.

Ако се знае дека данокот на тон јаглерод изнеаува 82,90 евра, просечната цена на новиот автомобил се очекува да се зголеми за 580,30 евра.

Производителите веќе мораа да го откупат правото да испуштаат јаглерод диоксид (ETS) за да можат да го увезат она што им е потребно за производство.

Полска објави дека ќе го оспори CBAM пред Европскиот суд на правдата, бидејќи тие тврдат дека воведувањето на CBAM бара едногласна поддршка, а не квалификувано мнозинство во ЕУ.

Share This Article