ОД ПОЛНОЌ ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 2 ДЕНАРА

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за 2 денара по литар, а цената на другите нафтени деривати останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто.

Новата малопродажна цена на „евродизел“ е 81, а на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 80 денари за литар. „Еуросупер – 95“ и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, „еуросупер – 98“ за 83 денари за литар, а Мазутот за 45,087 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,257 отсто, кај дизелот за 3,292, кај екстра лесното масло за домаќинство за 3,677 и кај мазутот за 1,371 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,155 отсто.

Share This Article