More

    Средба на делегацијата на НБ со гувернерот на централната банка на Мароко: Новото глобално окружување бара поблиска соработка на централните банки

    spot_img

    Градењето партнерски односи помеѓу централните банки и користењето на билатералните релации како основа за размена на најдобрите практики и унапредување на институционалните капацитети, се од особено значење во време кога светот се соочува со најсилната инфлациска криза во изминатите неколку децении, додека улогата на централните банки како стабилизатори на инфлациските очекувања е суштинска во справувањето со кризата. Ова беше посочено на средбата на делегацијата на Народната банка составена од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката, Ана Митреска со делегацијата на централната банка на Мароко (Банката на Ал-Магреб), предводена од гувернерот, Абделатиф Џоуахри, а одржана во рамките на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто годинава се одржуваат во Маракеш, Кралството Мароко.

    Во изминатите три години, глобалните предизвици наметнаа потреба од дијаметрално различни монетарни политики. Од пандемијата до инфлациската криза, олабавената монетарна политика беше заменета со затегната, како соодветен одговор на економските состојби. Во следниот период, во согласност со последните очекувања на меѓународните финансиски организации за постепено намалување на инфлацијата, најважно за централните банки ќе биде да ги задржат инфлациските очекувања. Пред централните банки, во периодот што следи, се исправаат предизвици од аспект на одржувањето рамнотежа помеѓу мандатната цел ‒ одржувањето на ценовната стабилност и одржувањето на финансиската стабилност без која нема макроекономска стабилност, беше истакнато на средбата на делегациите и во тој контекст беше истакнато и значењето на размената на искуства помеѓу централните банки.

    На средбата беа разгледани и другите актуелни глобални предизвици коишто ги засегаат функциите на централните банки, како геоекономската фрагментација и климатските промени, коишто се извори на ризици за финансиската стабилност. Беше зборувано и за понатамошна соработка помеѓу двете централни банки во различни области, насочена пред сѐ кон јакнење на нивните институционални капацитети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img