Трчањето може да биде подеднакво ефикасно во лекувањето на депресијата како и лековите, покажа револуционерна студија која радикално може да го промени начинот на лекување на депресијата. Истражувачите откриле дека трчањето има повеќе придобивки за физичкото здравје на поединецот отколку антидепресивите, кои имале малку негативен ефект со текот на времето.
Индепендент наведува дека студијата ги споредила ефектите на антидепресивите и трчањето врз анксиозноста, депресијата и целокупното здравје на повеќе од 140 пациенти, пишува порталот index.hr.
Иако и двете работи имаат придобивки, режимот на трчање од 16 недели го подобри физичкото здравје на пациентите, додека антидепресивите доведоа до малку полоши физички состојби. Сепак, на повеќето учесници им беше полесно да земаат лекови отколку постојано да следат фитнес режим.
На пациентите им беше дадена опција да земаат антидепресиви 16 дена или да учествуваат во групна терапија за трчање 16 недели. Од нив 45 избрале лекови, а 96 трчале два до три пати неделно по 45 минути. Истражувачите велат дека членовите на групата кои избрале антидепресиви биле малку подепресивни од членовите на групата што избрале да трчаат.
На крајот од студијата, половина од учесниците во двете групи покажале подобрување на симптомите на депресија и анксиозност, но групата што трчала имала подобри резултати и во индикаторите за физичко здравје како што се крвниот притисок, отчукувањата на срцето и тежината. Од друга страна, групата која земала антидепресиви покажала мало влошување на овие метаболички параметри, според студијата.
„Антидепресивите генерално имаат полош ефект врз телесната тежина, варијабилноста на отчукувањата на срцето и крвниот притисок, додека терапијата со трчање доведе до подобри резултати на општата кондиција и отчукувањата на срцето“, рече д-р Пенинкс.
Иако е откриено дека антидепресивите се безбедни и ефикасни за повеќето луѓе, научниците бараат проширување на арсеналот на третмани за да вклучи терапија за вежбање.