Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) објави дека бројот на раселени лица во Појасот Газа во последните 24 часа достигна 180.000 лица.
Според веб-страницата на УНРВА, се очекува бројот на масовно раселените жители на Газа да продолжи да расте по палестинско-израелскиот конфликт што започна на 7 октомври.
Околу 137.500, од вкупно 180.000 раселени лица во Појасот Газа, се засолниле во 83 училишта на УНРВА во различни региони на Газа.
На раселените лица им беше поделен леб во координација со Светската програма за храна (WFP).
Военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, во саботата наутро започна сеопфатна операција наречена „Поплава Акса“. Илјадници ракети беа истрелани од Газа кон Израел, а вооружени групи навлегоа во населбите во регионот.
Групата рече дека операцијата била одговор на израелските напади врз комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ал-Кудс/Ерусалим и зголеменото насилство меѓу доселениците.
Бројот на Палестинци убиени од израелските сили во Газа се искачи на 704, од кои 143 деца и 105 жени, соопшти рано во вторникот Министерството за здравство со седиште во Газа. Се вели дека бројот на ранети се искачил на околу 4.000.
Според Министерството за здравство, најмалку 900 Израелци загинале, а повеќе од 2.600 се ранети.