Израелските сили обзнанија дека ја вратиле контролата врз границата со Појасот Газа во јужен Израел. Каналот ВорМапер објави мапа од местата на кои се случија судирите со палестинските сили во првите 72 часа војна, додека вчера Институтот за истражување на војната од САД анализираше дека овие точки можеа да предизвикаат отворање на втор фронт.
Мапата на ВорМапер, а и претходно на ИСВ покажуваат дека израелските сили барем на 13 места се соочуваат со палестински цивили и во обласите на Западниот брег, додека инфилтрацијата на борци од Хезболах на север продолжува. Спорд ВорМапер Израел добро со справува со ова.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираа дека синоќа јата погодила повеќе од 200 цели во Газа. Тие потврдија дека од почетокот на војната убиени се 900 Израелци. Покрај тоа, на израелска територија се пронајдени телата на 1.500 милитанти на Хамас, изјави портпаролот на ИД.
Амбасадорот на Израел во Обединетите нации, Гилад Ердан, рече дека во Газа има меѓу 100 и 150 заложници откако биле киднапирани од Израел.
Претходните процени се движеа од десетици до стотина. Утринава, портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, изјави дека армијата стапила во контакт со семејствата на 50 заложници.
– Ќе бидат контактирани повеќе семејства бидејќи војската ќе ги потврди информациите – рече тој.
Претходно Хамас се закани дека во во живо ќе егзекутира по еден заложник за секој бомбардиран дом во Газа.