More

    Се преговара за размена на заробеници на Хамас за палестински затвореници

    spot_img

    Катарски посредници преговараат со претставници на Хамас за ослободување на киднапираните израелски жени и деца кои ги држи Хамас во Газа во замена за 36 палестински жени и деца затворени во израелските затвори, изјави извор запознаен со преговорите.

    Преговорите, кои Катар ги води во координација со САД од саботата навечер, „прогресираат позитивно“. Но, сè уште нема знаци за напредок, бидејќи двете страни цврсто се држат до своите позиции – пренесува изворот.

    Катар е во контакт со претставници на Хамас во Доха и Газа, изјави изворот, откако Хамас го нападна Израел од Газа во саботата, упадна во израелските населби, уби повеќе од 700 Израелци и избега со десетици заложници.

    Не се знае точно колку израелски жени и деца нуди Хамас во замена за 36-те палестински жени и деца, рече изворот.

    Палестински функционер запознаен со преговори меѓу Хамас и Израел во минатото рече дека Катар и Египет се во контакт со Хамас, но дека интензитетот на борбите фрла сенка врз потенцијалните пробиви. Египет е во близок контакт со Израел и Хамас во обид да спречи понатамошна ескалација на борбите и да обезбеди заштита на израелските заложници – потврдија извори од египетски безбедносни служби.

    Египет побара од Израел да покаже воздржаност, а Хамас да се грижи за заложниците за да може наскоро да се случи деескалација, иако израелските напади врз Појасот Газа го отежнуваат посредувањето, изјавија египетските извори кои сакаа да останат анонимни.

    – Нема договор за логистиката или механизмот за ослободување на заложниците – изјави извор запознаен со преговорите што ги води Катар.

    Министерството за надворешни работи на Катар, Хамас и Стејт департментот не одговорија на барањата за коментар. Кабинетот на израелскиот премиер соопшти дека не сака да коментира.

    Израел одговори на нападот на Хамас со најтешкото бомбардирање на Појасот Газа до сега, при што загинаа повеќе од 400 луѓе и можеби размислува за копнен напад на територијата од која се повлече пред речиси две децении.

    Катар има директна линија на комуникација со Хамас и веќе посредуваше меѓу исламистичката група и Израел.

    Доха посредуваше повеќе од една година во преговорите меѓу САД и Иран што доведоа до размена на затвореници и деблокирање на иранските средства. Некои лидери на Хамас живеат во Катар и други земји од Блискиот Исток.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img