На Ф1 трката за Големата награда на Катар, тимот на Мекларен постави нов рекорд во Формула 1 за најбрз пит-стоп. Механичарите на Мекларен го сервисираа болидот на Ландо Норис за неверојатни 1,8 секунди.
– Нов светски рекорд! Ова е доказ за неуморниот тренинг и напорната работа на нашиот одличен тим на механичари. Честитки за тимот“ – напиша извршниот директор на Мекларен, Зак Браун.
Претходно, најдоброто достигнување му припаѓаше на Ред Бул. На трката за Големата награда на Бразил во 2019 година, механичарите на Ред Бул ги смени тркалата на болидот на Макс Верстапен за 1,82 секунди.