More

    Пријавете се за вакцинација против грип – Набавени се 60.000 дози

    spot_img

    Министерството за здравство информира дека од денеска, преку веб страницата – vakcinacija.mk, почнува пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население. Со цел да се обезбеди заштита кај поголем број лица од сезонски грип, оваа година Министерството за здравство ја зголеми количината на набавени вакцини, при што се набавени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.

    Со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи: лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лица вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

    Вакцинацијата се планира да почне да се спроведува во втората половина на октомври. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

    Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку СМС ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.

    Граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на следниот линк:https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img