Научниците ја проучувале исхраната и начинот на живот на поздравите луѓе ширум светот. Поточно, Сините зони, кои се составени од пет региони низ светот кои се населени со најмногу луѓе кои доживуваат 100, па дури и повеќе. Тие станаа фокус на истражување на тајните на долговечноста и здравиот живот.
Меѓу овие сини зони е и јапонската Окинава. Мештаните се колнат во едноставен рецепт кога е исхраната во прашање. Имено, тие го следат правилото 80/20. Тоа значи дека јадат само до 80% ситост, поточно никогаш не се прејадуваат.
Тоа е, да речеме, многу поразлично од тоа како Американците јадат. Имаат огромни порции, а пијат и огромни пијалоци полни со шеќер.
Жителите на Окинава, од друга страна, имаат сосема поинаков однос кон храната. Имено, во нивната култура е да се хранат со желба да се спречат болестите, наместо да се лекуваат кога веќе се појавуваат. Со други зборови, на храната гледаат како на превентивен лек, пишува Eat this.