More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 05 Октомври, 2023

    spot_img

    На 04.10.2023 во 21.35 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(43) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, бела кристална материја – крек, марихуана и две дигитални ваги со остатоци од различни видови дрога. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

     На 04.10.2023 полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија го лишија од слобода М.Н.(58) од Скопје. По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба беше извршен претрес во дом и дополнителни два објекта кај М.Н., на подрачјето на Центар, при што е пронајден кокаин, подготвен за улична продажба и три дигитални ваги. Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

     На 04.10.2023 во 17.30 часот на место викано „Бела Вода“, атар на с.Калањево, неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода Х.Ч.(27) од Неготино, С.С.(68) и А.А.(56) од с.Тимјаник, неготинско, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот законик. При преглед на теренот, во дворно место од викенд куќа на Х.Ч. биле пронајдени околу 12 кубни метри огревно дрво без документација, пила и други предмети поврзани со делото. Во близина, исто така, биле пронајдени и две тракторски приколки натоварени со околу 10 кубни метри огревно дрво, сопственост на С.С. и А.А., и дополнително околу шест кубни метри дрво во близина на приколките, сите без документација. За настанот била известена Шумска полиција, а дрвата, приколките и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

     Денеска (05.10.2023) во 03.25 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка Демир Капија, во координирана акција на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при Регионален центар за гранични работи Југ, од слобода биле лишени Р.О.(21), Б.Ц.(26) и К.Ф.(26), сите од Косово. Околу 03.05 часот во близина на Гевгелија, при преземање службени дејствија, полициски службеници забележале како во комбе „форд“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Р.О., влегуваат повеќе лица мигранти. На даден знак за запирање, возилото продолжило со движење и при преземањето на дополнителни мерки за негово сопирање, патничко возило „фолксваген тигуан“ со косовски национални ознаки, во кое биле Б.Ц. и К.Ф., на автопатот ги попречувало службените полициски возила. По тунелот Јаворица од возилото „форд“ излегле лица мигранти, а возилата продолжиле со движење. Од страна на полициски службеници на местото биле затекнати девет мигранти од Сирија, кои потоа се пренесени во Прифатен центар за странци во Скопје, а набргу, кај клучка Демир Капија, двете возила биле запрени и лицата во нив биле приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 04.10.2023 во 13.00 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.П.(35) од Република Албанија. При претрес, извршен со судска наредба во станот во кој живеел под наем во Гостивар, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од марихуана и шприц со кафеава течност. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

     На 04.10.2023 во 16.00 часот во с.Облешево, кочанско, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода О.Н.(48) од с.Облешево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.   

     На 04.10.2023 во 20.45 часот на влез во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода Д.А.(36), М.А.(33), А.Ј.(33) и Д.Б.(25), сите од Кавадарци. На патот од с.Марена кон Кавадарци, полициски службеници дале знак за запирање на возило „опел астра“ без регистарки ознаки, кое го управувал Д.А., а останатите лица биле сопатници. Возилото не застанало и во движење од возилото била исфрлена марихуана, која била пронајдена и одземена. Набргу, на влезот од Кавадарци, возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 04.10.2023 во 21.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(20) од Скопје,  затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикл, 12 мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за користење на мобилен телефон при управување возило…

     Во текот на вчерашниот ден (04.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

     Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (04.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 78 возачи, меѓу кои 20 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 8 мерки за возење без возачка дозвола, 2 возачи за управување под дејство на алкохол, 12 санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење…

     На 04.10.2023 во приодот од 08.00 до 12.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават мотоциклистите, во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 40 прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-14). Најголемиот број од прекршоците (ТЕ-17 и ГВ-13) се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем, 5 (ТЕ) поради управување на мотоциклите без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, 2 (ТЕ) со истечена сообраќајна дозвола, 1 (ГВ) без осигурителна полиса и така натаму. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со предвидените парични глоби кои се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност, зависно од видот и карактерот на прекршокот. При контролата, исто така, санкционирани се и 8 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

     На 04.10.2023 во 14.10 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на крстосница помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Илија Миов“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „ктм 390“, управувано од Ј.Ц.Л.(38) од Гевгелија и мопед „хамачи“, управуван од малолетник од Гевгелија, двете со гевгелиски регистарски ознаки. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил Ј.Ц.Л., констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.    

     На 04.10.2023 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во Пирок, тетовско, патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Б.А. од Пирок, удрило во електричен тротинет што го управувал 22-годишниот Е.А. од истото село. Во несреќата, Е.А се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

     На 04.10.2023 во 13.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, товарно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано Ј.В.(36) од Кичево, излетало од патот. Притоа, возачот и сопатникот В.В. од Кичево се здобиле со тешки телесни повреди, додека вториот сопатник Ф.В. од Кичево, се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

     На 04.10.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.С.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img