Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи на социјалните мрежи повторно сподели видео од проблемите кои се јавуваат со мечките во регионот на Маврово.
„Синоќа за малку ќе настрадаа мечка со две мечиња додека се движеа по магистралниот пат од Маврови Анови кон Дебар. Нештата изгледаат поинаку додека ги гледаме од безбедно на нашиот мобилен телефон. Блиските средби изгледале сосем поинаку. Барем така тврдат жителите на овие села, а јас немам причина да не се согласам со нив“, напиша Ангелов под снимката.
Во вторникот Ангелов сподели видео од жители на селото Жировница кои бркаат залутана мечка по улиците и коментираше со слична порака – „проблемите изгледаат поедноставно гледани од лаптоп“.