Богатата наследничка Парис Хилтон прошета со крената глава на ревијата на Муглер во склоп на Модната недела во Париз, но поради нејзиното одење брутално беше исмејувана на социјалните мрежи.
Британскиот „Вог“ објави снимка од нејзиното одење по модната писта од ревијата на Инстаграм во вторникот, со Хилтон облечена во смел црн мини фустан.
На некогашната социјална мрежа Твитер, сега веќе Х, најмногу се инспирираа за шеги, а еден твит гласеше: „Вака одам кога еднаш годишно ќе облечам високи потпетици“.
„Вака одам кога сум пијан, но се обидувам да докажам дека не сум“, „Извини, но зошто оди како РобоКап? Ми се допаѓа облеката“, гласат уште некои коментари, а еден корисник на Х праша: „Зошто, по ѓаволите, вакво одење како кокошка?“.
Имаше и такви кои ја бранеа, тврдејќи дека има свој стил и начин на одење уште од 90-тите.
ФОТО: Инстаграм/Твитер