More

    Прв пат во историјата сменет спикерот на Претставничкиот дом

    spot_img

    Претставничкиот дом на САД со 216 гласа „за“ и 210 „против“ изгласа смена на спикерот Кевин Мекарти.

    Група тврдокорни републиканци во Претставничкиот дом се противат на испораките на воената помош и спречената блокада на финансирањето на американската влада, што вклучува и помош за Украина, и тоа беше причина за разрешувањето на Мекарти од претседавачката позиција во Конгресот.

    Ова е првпат во историјата Конгресот да гласа за смена на претседавачот. Досега ниту еден претседател на Претставничкиот дом на САД никогаш не бил отповикан од неговите колеги конгресмени.

    Иницијативата за смена на републиканецот Мекарти од претседавачката позиција ја покрена неговиот партиски колега Мет Гец.

    Според американскиот Устав, претседателот на Претставничкиот дом е втор по претседателската функција по американскиот потпретседател, ги поставува законодавните приоритети на долниот дом на Конгресот, ги контролира задачите на комисијата и може да ја прекине или да влијае на агендата на Белата Куќна.

    Гец се закануваше дека ќе го собори Мекарти од јануари, кога водеше партиски бунт против него.

    Тензиите меѓу двајцата републиканци зовреа во текот на викендот откако спикерот Мекарти, поддржан од демократите, ги освои потребните гласови за усвојување на нацрт-законот за привремено финансирање на владините агенции.

    Сепак, буџетскиот договор постигнат доцна во саботата не ја одобри финансиската помош за Украина од 6 милијарди американски долари, поради противењето на ултраконзервативци во американскиот Конгрес кои сметаат дека САД потрошиле премногу пари за војната во Украина.

    Ова ги втурна републиканците во Конгресот во политичка криза. Додека Белата куќа порача брз избор на нов спикер на Долниот дом на американскиот Конгрес.

    -Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека под никакви околности не смееме да дозволиме прекин во подршката на Америка за Украина – изјави Џон Кирби, официјален претставник за национална безбедност во Белата куќа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img