More

    Нобеловата награда за физика годинава им припадна на Агостини, Краус и Л’Хуије

    spot_img

    Замислете еден миг кој трае помалку од секунда. Половина секунда, наносекунда…или можеби, миг толку краток што вакви мигови во една нормална секунда има колку што имало секунди досега во  13,7-те милијарди години откако постои нашиот универзум, односно, откако се случил големиот Бенг.

    Овој мал миг се нарекува „атосекунда“, а тројца физичари кои открија како да снимат блесок од светлина во една таква атосекунда ја добија годинешната Нобелова награда за физика. Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л’Хуије ќе поделат 11 милиони шведски круни на три еднакви делови.

    Што добиваме со ваквото фоткање на светлината? Замислете дека снимате куршум кој лета во воздухот. Ако го снимаме со нормална камера тогаш имаме 24 кадри во секунда кои ги перцепираме слеано како едно движење.

     

     

    Но, физичарите сакаат да го исцепкаат најмалиот можен миг за да видат што точно се случува. На пример, кај атомите. Ова откритие ќе може да го користиме, на пример, за да видиме како точно се движат електроните околу атомот. А не како досега, кога електронот често за науката беше „облак“ од можности кој лебди околу атомското јадро.

    Кога, на пример, се случува една хемиска реакција електроните рипаат од еден до друг атом, прават нови врски или излегуваат од старите орбити. Сега ќе знаеме како.

    Но, можностите за употреба на оваа технологија допрва ќе се појавуваат. Една од нив е и шансата да дијагностицираме рак на микро-ниво. Преку снимање на биолошките маркери во организмот преку ваквите камери.

    Тоа би ни дало драгоцено време да ги елиминираме канцерогените клетки пред болеста да се прошири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img