More

    Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, побезбеден сообраќај, заштита од пожари…

    spot_img
    Продолжувајќи со планските превентивни полициски активности во текот на вчерашниот ден (02.10.) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес и Тетово беа реализирани неколку превентивни активности од областа на безбедноста на сообраќајот, потоа заштитата на шумскиот фонд и околу мерките поврзани со започнувањето на ловната сезона.
    Така, на подрачјето на СВР Велес, односно на повеќе локации во и околу Кавадарци Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со ОСБСП Кавадарци спроведе превентивна активност насочена кон законските обврски за безбедно управување со возило – задолжителнито носење на сигурносен појас и прилагодување на брзината спрема условите на патот како едни од најважните правила во насока на елиминирање на можностите од сообраќајни несреќи.

    Во Ресен пак, на подрачјето на СВР Битола при средби со граѓаните полициските службеници укажуваа на потребата од внимателно и одговорно однесување како при посета на шумските предели, односно рекеративно излетничките места, така и при извршувањето на земјоделски работи, а дополнително на возачите на моторни возила кои се движат по патиштата во овој регион им беше сугерирано да не фрлаат отпушоци од цигари и слично.
    Полициски службеници од СВР Тетово имаа заедничка средба  со претставници од три ловни друштва од селата Боговиње, Теарце и Брвеница со укажувања за целосно и безусловно придржување кон Законот за ловство и Законот за оружје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img