Уна Чолиќ, ќерката на познатиот пејач Здравко Чолиќ, вчера го прослави својот 22 роденден.
Уна е многу активна на социјалните мрежи каде ја следат голем број луѓе, а на своите следбеници им откри како го поминала роденденот.
Уна позирала во тоалетот во виолетови пижами, а поради нејзиното деколте настанал вистински хаос на социјалните мрежи.
Младата Уна тука не застанала, па споделила и кадри од прославата на роденденот во Милано, а фустанот во кој го прославила роденденот е посебна приказна.
Маслинесто зелен фустан кој совршено ѝ прилегал, но во прв план биле истакнати нејзините атрибути, а црните чизми над колена само дополнително го зачиниле целиот стајлинг.
Уна го покажала и изненадувањето кое го добила – роденденско колаче со свеќа.
Уна, на една од фотографиите, покажала и кутија со панделка од луксузниот моден бренд „Луј Витон“, што ја добила на подарок.
ФОТО: Инстаграм