Што и да облече Џенифер Лопез брзо станува моден хит. Но, нејзината најнова појава во фустан со цветен дезен кој ја истакнува нејзината женственост, и најголемите критичари ги остави без здив. Латино дивата блесна на гала вечерта на која се појави да ѝ додели награда на Трејси Андерсон, жената која со години ја тренира.
Тесниот деколтиран фустан во фламенко стил се спушта до подот, а предниот дел на фустанот имаш исечок до колена, па Џенифер Лопез ја покажа својата заводлива фигура во полн сјај.
Џенифер Лопез само ден пред да дојде на овој гламурозен настан фотографирана е со бесен израз на лицето како се расправа со својот сопруг Бен Афлек во автомобилот.
Да потсетиме, славната двојка се венча пред една година откако ја обнови врската, а подоцна и свршувачката која ја започнаа пред 20 години.
И покрај тоа што постојано зборуваа како никој не е посреќен од нив, сепак фановите го немаат тоа чувство со оглед на тоа дека овој Џенифер и Бен во јавноста се однесува како двајца луѓе кои се пред развод.