More

    Историска средба на шефовите на дипломатијата на ЕУ во Киев во знак на солидарност со Украина

    spot_img

    Министрите за надворешни работи на Европската унија се среќаваат во Киев на „историска средба“ во знак на солидарност со земјата која се соочува со руската инвазија, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

    „Овде во Украина, земја кандидат и идна членка на ЕУ, свикуваме историски состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ. Тука сме да ја изразиме нашата солидарност и поддршка за украинскиот народ“, рече Борел.
    Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба го поздрави одржувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Киев.

    „Ова е историски настан бидејќи за прв пат се среќаваме надвор од границите на ЕУ – но во идните граници на ЕУ“, рече Кулеба поздравувајќи ги своите колеги во главниот град на Украина.

    Извор: Анадолија

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img