Најмалку седум лица загинаа во пожар во ноќен клуб во југоисточниот град Мурсија, соопштија шпанските власти.
Пожарот избувнал во популарниот ноќен клуб Театре, лоциран во областа Аталајас, околу 6 часот утрово по локално време.
Властите велат дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Брза помош и другите служби за итна помош трагаат по лица кои се сметаат за исчезнати и биле во просториите на клубот во моментот на пожарот.
Четворица се во болница поради вдишување чад.
Не е јасно што го предизвикало пожарот, што избувнал додека во клубот имало уште многу луѓе.
Најмалку 13 лица загинаа во пожар што зафати три ноќни клубови во Мурсија. Според шпански медиуми во клубовите имало роденденски забави и меѓу исчезнатите се пет луѓе од едно семејство и двајца нивни пријатели.