More

    Почнува намалувањето на цените за дата податоци во роаминг на Северна Македонија со земјите од ЕУ

    spot_img

    Почнува намалувањето на цените за дата податоци во роаминг на Северна Македонија со земјите од ЕУ. Граѓаните и бизнисите во Северна Македонијa, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената која сега ја плаќаат за дата податоци преку роаминг, кога патуваат во европските земји.

    „Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, важат и за граѓаните од дијаспората и Европа, кога ќе претстојуваат во Северна Македонија. Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, е исполнување на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ- Западен Балкан, што се одржа во декември минатата година, во Тирана. 38-те телекомуникациски оператори во ЕУ и Западен Балкан, лани на Самитот ЕУ-Западен Балкан, потпишаа декларација за сообразност, за значително намалување на јазот помеѓу роаминг тарифите и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Балканот. Оваа иницијатива ќе го намали јазот помеѓу роамингот и домашните цени меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан“, наведува Министерството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img