Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски стигна до нов златен медал, откако беше најдобар на Г1 Тирана Опен во Албанија.
Со овој медал Георгиевски уште еднаш потврди дека и оваа година е во одлична форма. Претходно, го освои сребрениот медал на Европските игри во Полска.
„Силен чекор напрад кон нова блескава историја за македонскиот спорт, ЛОИ во Париз 2024“, објави Теквондо федерацијата на Македонија.