More

    На која возраст луѓето најмногу уживаат во водење љубов: Што вели истражувањето?

    spot_img

    Постојат три главни причини поврзани со интимните односи зошто не треба да се плашите од годините што минуваат.

    Младите парови можеби имаат почесто секс, но истражувањата покажаа дека квалитетот на сексот се подобрува со возраста.

    Истражувањето на Ellicit Encounters.com ја потврди тезата дека водење љубов се подобрува со годините.

    Дури 37 отсто од жените и 34 отсто од мажите изјавиле дека нивните четириесетти се најдобри за водење љубов, пренесува порталот aktivni.metropolitan.si.

    Во истражувањето учествувале 828 испитаници, а авторите на истражувањето објаснуваат дека младите имаат повеќе секс, но паровите од 40 и повеќе години повеќе уживаат.

    Тие веруваат дека тајната е во тоа што на оваа возраст имаат многу помалку комплекси и повеќе искуство.

    Ова се трите главни причини зошто водење љубов се подобрува со возраста:

    Повеќе самодоверба
    Знаете што сакате, не се срамите од вашето тело, движења и звуци, не сте оптоварени со целулит или имате проблеми со изразување на вашите желби.

    Односите во бракот стануваат се подобри и подобри
    Можеби ќе ви биде тешко да поверувате, но на крајот оваа изјава има смисла. Секако, првата врска е секогаш возбудлива и проткаена со повеќе страст, но паровите кои се долго време заедно одлично се познаваат, дури и во спалната соба.

    Овие парови ќе ги испробаат сите нови работи без двоумење и ќе експериментираат без срам.

    Постарите жени полесно доживуваат оргазам
    Ова истражување потврди и дека постарите жени доживуваат оргазам почесто од жените со помало искуство, а овој факт влијае и на квалитетот на сексуалниот живот на партнерот, пренесува Vijesti.me.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img