More

    Косовските власти објавија видео од имотот на Радоичиќ

    spot_img

    Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља објави видео од внатрешноста на вилата на поранешниот потпретседател на Српската листа Милан Радоичиќ, кој призна дека го организирал оружаниот напад врз косовската полчиција, на чиј имот на брегот на езерото Газиводе полицијата денеска изврши претрес.

    Свечља го објави видеото на Фејсбук, а Радоичиќ го нарече „Пабло Ескобар од регионот“. Истовремено, повеќето приштински портали ги објавија видеата од луксузна вила покрај езерото Газоводе на северот на Косово, за која министерот Свечља тврди дека му припаѓа на Радоичиќ.

    – Дури и од сликите што може да се видат, очигледно е дека не се работи за некој „борец за слобода“, туку за Пабло Ескобар од регионот. Под маската на бранителите на граѓаните, тој и неговите соработници станаа мултимилионери на сметка на законот, државата и другите граѓани. Затоа потребно е местото на злосторството сите овие години на северот на земјата да се истражи заедно со сиот имот на терористичката група – напиша косовскиот министер.

    Радоичиќ, признавајќи дека самиот го организирал востанието, рече дека е подготвен да одговори на поканите на српските државни органи. Неговиот адвокат рече дека нема простор за водење каква било постапка против Радоичиќ и другите Срби бидејќи, според Српскиот Устав, „Косово и Метохија е составен дел“ на државата, а на северот на Косово престојуваат „вооружени специјални единици на косовската полиција, кои не смеат да бидат таму според Договорот од Брисел“ од 2013 година.

    Косовските власти го обвинија Радоичиќ дека е организатор и учесник во вооружениот напад, кој го окарактеризираа како терористички чин. Претходно го поврзуваа со криминални активности, а во декември 2021 година САД го ставија на црна листа поради сомневања за организиран криминал и корупција.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во интервју за шпанската национална телевизија ТВ Еспанола изјави дека Радоичиќ поднел оставка од партијата затоа што „не сака дополнително да ѝ наштети на Српска листа“.

    Според порталот Еуроњуз Србија, тој рекол дека Српска листа ја гледа како „борци за слобода“ и дека сите Срби кои живеат на Косово го мислат истото.

    – Не знам дали тоа што се случи беше пресвртница. Многу сум загрижен бидејќи знам колку се агресивни (премиерот) Албин Курти и (претседателката на Косово) Вјоса Османи. Особено кога веруваат дека имаат голема поддршка од дел од меѓународната заедница, а тоа ме загрижува и плаши – изјави Вучиќ.

    Косовската полиција денеска претпладне изврши претрес во зградата во која живее Радоичиќ во северниот дел на Косовска Митровица.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img