Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“ ќе се намали за 2 денара, додека цените другите горива останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Моторниот бензин „еуросупер БС- 95“ од полноќ ќе се продава по цена од 87 денари за литар, „еуросупер БС- 98“, 89 денари, дизел горивото ќе чини 85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а мазутот 48,715 денари за килограм.
Со оваа Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто.