Спиењето е од суштинско значење за нашата целокупна благосостојба. Без него, не можеме да се „ресетираме“ или да функционираме нормално. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, недостатокот на сон е поврзан со хронични болести, вклучувајќи дијабетес, срцеви заболувања, дебелина, па дури и депресија.
„Повеќе од 10 отсто од населението страда од хронична несоница, што значи дека имаат проблеми со спиењето повеќе од три месеци“, изјави за „Тудеј“ д-р Шели Хершнер, професор по неврологија во медицинскиот центар за нарушувања на спиењето во Мичиген.
Ако не успеете повторно да заспиете откако ќе се разбудите повеќе од 20 минути, станете и преместете се во друг мирен дел од станот или куќата. Покријте се и обидете се да спиете. Можете исто така да се вратите во креветот кога ќе забележите дека сте се смириле доволно за да заспиете.
Зошто ова помага?
Затоа што ако останете во кревет, може да почнете да чувствувате притисок да спиете, а тоа ќе ве направи уште пофрустрирани, објасни д-р Хершнер. Тој притисок може да го зголеми отчукувањата на срцето и анксиозноста воопшто – кои заедно го отежнуваат повторното заспивање. Промената на средината може да не смири и да ни помогне повторно да заспиеме, пишува 24сата.хр.
Обидете се да се преселите на каучот, покријте се со ќебе и само легнете. Ако ви одговара, можете да вклучите некој бел шум на YouTube, како вода, фен, отчукување на срцето, што ќе ви помогне да се опуштите. Оваа техника е многу ефикасна, па дури и многу подобра од лековите, додаде д-р Хершнер.
Во спротивно, ако воопшто ви пречат ноќните будења, прво погрижете се вашата спална соба да биде поладна. Ако спиете во топла соба, ќе бидете повеќе склони кон немир и кошмари. Исто така, внимавајте да не пиете премногу вода пред спиење за да не мора често да одите во тоалет.