Двојни Аршини на еко активистите кои се против рудникот Иловица-Штука

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По одлуката на Владата да се пишмани од претходното административно спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука, во јавноста сѐ повеќе се зборува дека дел од активистите кои настапуваат против отворањето на рудникот работат за нечии други интереси, кои немаат никаква врска со заштитата на здравјето, животната средина и земјоделството.

Иницијативата „И здравје и работа“ соопшти дека поради неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот „Иловица-Штука“, локалното население и целата македонска јавност нема пристап до сите релевантни информации во врска со технолошкиот процес за изградба на рудникот.

Тие прашуваат кој има фирма што работи за потребите за рудник кој врши експлоатација на бакар оддалечен на помалку од 50 километри од „Иловица-Штука“ и дали е точно дека ако овој рудник се отвори, претходниот рудник за бакар ќе претрпи сериозни финансиски штети?

Еден од најгласните активисти против рудникот „Иловица-Штука“ Костадин Ристоманов, неодамна во телевизиско гостување во локалната телевизија „Вис“ изјави дека претходно соработувал со рудникот Бучим.

– Работев, да, во Бучим од 2004 година до 2008 година кога почна вистинското обновување на капацитетите на Бучим. Ние реновиравме канцеларии, водоводи, пукнати цевки, бањи, опрема и внатре мебел – рече Ристоманов, кој своевремено соработувал со единствениот рудник во земјава кој врши експлоатација на бакар.

Ристоманов беше избран за советник во општината Ново Село, од иницијативата „Стига“, на локалните избори во 2021 година.

Во истото интервју Ристоманов додаде дека имал информации дека рудникот Бучим имал намера да преземе дел од работата на планираниот рудник во Иловица-Штука. Односно, во Бучим да се врши т.н. флотација за одвојување на рудата од јаловината. Оваа понуда концесионерот во Иловица-Штука, „Еуромакс ресоурцес“ ја одбил.

Токму процесот на флотација е еден од главните аргументи на еко-активистите во нападите кон планираниот рудник во југоистокот. Тие обвинуваат дека инвеститорот ќе користи цијанид, иако со законските измени од 2019 година во Законот за минерални суровини оваа материја е забранета за новоотворените рудници, но не и за постоечките кои веќе функционираат.

– Имам точно потврдени информации дека се преговарало и разговарало за опцијата како да дојдат до некоја вин-вин ситуација. Тогашниот менаџмент на Бучим имал предлог до премиерот, а премиерот разговарал со Еуромакс околу можноста овде само да се копа, а таму да се врши флотацијата, бидејќи таму имале капацитети. Но, менаџментот на Еуромакс тоа категорично го одбил. Па така, единствената врска со Бучим е таа. Тие предлагаа таму да се врши флотацијата, овде само да се копа, но и таа опција е отфрлена – кажа Ристоманов.

- Advertisement -
Ad image

Претходно во текот на годината, во интервјуата на Ристоманов може да се забележи дека тој дури и го фали процесот на флотација кој се врши во Бучим.

– Сум бил горе во Бучим на езерото и луѓето таму ловат риби. Каде што се користи таква технологија живеат риби внатре – рече Ристоманов во гостување во Алфа телевизија.

Упатените во рударскиот бизнис забележуваат дека никој од активистите кои бараат Владата трајно да ги одземе концесиите за „Иловица-Штука“ никогаш не протестирал и не побарал такво нешто за некој друг рудник.

- Advertisement -
Ad image

Во меѓувреме, дел од инженерите кои не гледаат ништо спорно во изградбата на рудник за бакар во „Иловица-Штука“ повикаа „сите еко-активисти за кои има достапни информации дека работат за интереси на други рудници од Македонија, за партии и други држави-непријатели на НАТО да бидат соодветно неутрализирани“.

„Еуромакс ресоурсиес“ е носител на концесијата во Иловица каде еден од главните акционери е канадската корпорација „Трафигура“ која е светски рударски гигант.

Share This Article