Утринава со автоматско оружје била нападната граничната контрола која заеднички ја спроведуваат Србија и Унгарија. Унгарскиот премиер Виктор Орбан се огласи на социјалната мрежа Х велејќи дека насилството меѓу мигрантите е во пораст.
Тој рече и дека е време е земјите да се соочат со вистината дека бриселскиот одговор за ова прашање пропаднал.
„Насилството меѓу мигрантите е во пораст. Пред три ноќи беше нападната заедничката гранична патрола на Унгарија и Србија, пукаа од автоматско оружје. Со ова мигрантите го преминаа Рубикон. Време е да се соочиме со фактите: бриселскиот пакт за миграција пропадна.“ напиша Орбан.