Денеска е роденден на Google, а по тој повод светскиот интернет пребарувач им се заблагодари на своите корисници за 25-годишната љубопитност.
На пристапната страница на пребарувачот има лого за „роденден“, а компанијата предвидела изненадувања за корисниците при пребарувањето.
„Додека денес го славиме нашиот 25-ти роденден, славиме и 25 години од вашата љубопитност. На крајот на краиштата, вашата љубопитност е она што не води и нашиот напредок“, рече извршниот директор на Google, Сундар Пичаи.
Корпорацијата Гугл е основана во 1998 година од двајца студенти од Универзитетот Стенфорд, Лери Пејџ и Сергеј Брин.
Во 2005 година основачите го прогласија 27 септември за роденден на Google, денот кога, како што наведоа, постигнале одлични резултати.