More

    Русите тврдат дека адмиралот на црноморската флота не бил убиен

    spot_img

    Видео во кое наводно првиот човек на црноморската флота на Русија, адмирал Виктор Соколов стои до министерот Сергеј Шојгу, објави руското Министерство за одбрана(МО). Според руските медиуми, меѓу кои и РИА Новости, Соколов е жив, односно го преживеал нападот на украинските сили со ракетите „Storm Shadow“.

    Автентичноста на видеото не е потврдена од западни медиуми. Луѓето на социјалните мрежи коментираат дека видеото може да е лажирано на разни начини.

     

     

     

     

    Руските бројки за минатонеделниот напад со кој се пофалија Украинците не се совпаѓаат со оние кои ги објави Украина. Русите велат дека само шест војници се повредени, а едно лице исчезнало, додека украинските сили објавија дека десетици лица загинале и стотици се повредени.

    Руското МО соопшти и дека оштетена била историската зграда на штабот во Севастопол – најголемото пристаниште на Кримскиот полоустров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img