Очигледно не беше спонтан напад, изјави за Радио Слободна Европа Чарлс Купчан, професор на Универзитетот Џорџтаун и поранешен директор за европски прашања во Советот за национална безбедност на САД во администрациите на Бил Клинтон и Барак Обама.
Косовската полиција соопшти дека еден полицаец е убиен во напад на триесетина добро вооружени лица во Бањска ноќта кон саботата и неделата. Во акцијата на полицијата убиени се тројца напаѓачи, а шестмина се уапсени. Приштина го обвинува Белград за вмешаност, што таа го негира.
„Се чини дека ова е добро организирана акција, поради што е поопасна, бидејќи сугерира дека на терен има групи кои се заинтересирани да предизвикаат насилство и се подготвени да се организираат и да најдат оружје што ќе им овозможи така“, смета Капчан.
Тој истакнува дека не сака да ризикува со шпекулации за тоа кој стои зад напаѓачите.
„Тоа може да биде домашна група со надворешна поддршка, но не мора да биде од владата. Нивната цел? Поттикнување неволји, повеќе насилство, подигање на тензии за да се направи недостижна соработката на инволвираните страни за да се постигне траен мир“, вели Капчан.
Се поставува прашањето како напаѓачите дошле до вакво модерно оружје.
„Па, во денешниот свет, многу е лесно да се стигне на црниот пазар. Можеше да дојде од Белград. Тоа не го знаеме, но знаеме дека избувнувањето на вакви конфликти и насилство е опасно, бидејќи тие имаат потенцијал да се шират“, вели професорот на Универзитетот Џорџтаун.
Според него, позитивен знак е тоа што српскиот манастир (во Бањска) се огради од насилство и што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го осуди убиството на косовски полицаец и насилството.
Сега е неопходно двете страни да покажат натамошна, подолготрајна воздржаност, да се откажат од меѓусебните обвинувања и да се придвижат напред во спроведувањето на патоказот подготвен од Европската унија“, посочува Купчан.
Тој смета дека е неопходно САД и ЕУ да го зголемат притисокот врз Белград и Приштина.
„Мислам дека тука нема добри и лоши момци. Ова е еден од оние нерешливи конфликти што траат со години. И од историјата знаеме дека нерешливите конфликти завршуваат кога двете страни се подготвени да направат тешки, храбри, болни отстапки и компромиси во преговорите“, вели Купчан.
Белград и Приштина да останат воздржани
РСЕ: Властите во Косово објавија дека полицијата ја вратила контролата врз територијата на север, која е претежно населена со српски граѓани, по нападот на „тешко вооружена“ група, кој резултираше со смрт на еден полицаец и тројца напаѓачите.
Косовскиот премиер Аљбин Курти (Албин) го обвини Белград за инцидентот, велејќи дека „организираниот криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка на официјални лица во Белград ја напаѓа нашата земја“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остро го осуди убиството на косовски полицаец и додаде дека нема оправдување за тоа. Тој, сепак, рече дека инцидентот е предизвикан од бунтот на Србите, бидејќи тие не сакале „повеќе да страдаат под теророт на Курти и дека е само прашање на време кога ќе се случи такво нешто“.
Зошто овој инцидент се случи токму сега или е логична последица на тензиите кои растат со години бидејќи и двете страни не се подготвени на компромис и покрај многуте рунди од нивните преговори?
Купчан: Па, оваа нова појава на насилство е обесхрабрувачка, но не премногу изненадува. Тензиите растат во последно време.
Мислам дека има фрустрација кај сите актери. Од една страна имате сериозен патоказ со посредство на Европската Унија, кој требаше да доведе до нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.
Во исто време, ниту една страна не покажа подготвеност и доволно храброст да се придвижи напред и да се имплементира тој патоказ. Мислам дека премиерот Курти во последните месеци презеде чекори кои беа провокативни и ја подигнаа температурата.
Почнувајќи од напорите да се принудат косовските Срби да добијат нови лични карти и регистарски таблички. Потоа, одлуката да се именуваат градоначалници на северот избрани на избори кои ги бојкотираше српската заедница.
Можеби ова се чекори кои се легитимни за суверено Косово, но сепак се покажаа како провокативни и мислам дека го попречија напредокот. Не знаеме кои се сторителите на ова насилство кое доведе до убиството.
Вучиќ негираше каква било директна вмешаност на Србија, но од историјата знаеме дека во време на растечки етнички тензии се формираат паравоени групи од овој или оној вид.
Граѓаните ги земаат работите во свои раце и вршат акти на насилство од кои не може да застане ниту една страна.
Затоа, мислам дека во целата оваа ситуација можеби е добро што овој настан ги предупредува владите во Приштина и Белград дека не е исклучена поширока појава на насилство, поради што двете страни мора да бидат воздржани бидејќи ситуацијата на терен е нестабилна и опасно.
РСЕ: Кој би можел да стои зад овој напад? Дали може да биде Српска листа, клучната српска партија на Косово, или Белград и покрај дистанцирањето на Вучиќ, или руската служба за безбедност, како што беше спомнато во нерешениот случај со заговорот за соборување на тогашниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ во 2016 година? Исто така, што сакаа да постигнат напаѓачите со оваа акција?
Купчне: Не би сакал да ризикувам да претпоставувам за напаѓачите. Тоа може да биде домашна група со поддршка однадвор, но не мора да биде од владата.
Нивната цел? Поттикнување неволји, повеќе насилство, подигање на тензии со цел соработката на инволвираните страни да биде недостижна за да се постигне постојан мир.
Оружјето може да дојде од различни извори
РСЕ: Курти тврди дека Белград поддржува ваков тип на паралелни структури и групи. Вучиќ, пак, возврати дека Курти е единствениот виновен за се што се случува на Косово. Аљбин Курти е единствениот кој сака конфликти и војна“, рече Вучиќ.
Како би можеле локалните Срби да дојдат до вакво оружје типично за редовните или паравоените единици? Како може локалното население да се здобие со вакво модерно оружје?
Купчан: Па, знаете, не е чудно што секоја страна ја обвинува другата. Мислам дека двете страни се одговорни.
Дали Србија делуваше со добра волја за да му помогне на Косово да биде кохерентно како унитарна држава? Апсолутно не.
Дали владата во Белград ги охрабри паралелните структури и го охрабри српското малцинство на Косово?
Дали владата во Белград ги охрабри паралелните структури и српското малцинство да бидат полојални на Србија отколку на Косово? Апсолутно.
Значи, ако ја погледнеме пошироката слика, дали Србија сноси значителна одговорност за стагнацијата и избувнувањето на насилството? Да, тоа го прави.
Во исто време, знаеме дека Курти презеде чекори кои ја подигнаа температурата, ги поларизираа односите меѓу етничките Албанци и етничките Срби.
Од каде доаѓа таквото оружје? Па, во денешниот свет, многу е лесно да се дојде на црниот пазар. Можеше да дојде од Белград.
Тоа не го знаеме, но знаеме дека избувнувањето на вакви конфликти и насилство е опасно, бидејќи тие имаат потенцијал да се шират.
Се надевам дека овој инцидент ќе се доживее како повик за будење и дека за двете страни ова насилство, смртните случаи што се случија, ќе бидат причина да се оди напред на дипломатскиот фронт.
Тоа не беше спонтана акција
РСЕ: Дали инцидентот се случи спонтано, преку ноќ или поради размерите со 30 професионалци вооружени до заби – како што сугерираше косовската полиција – дали беше подготвен со денови, ако не и со недели?
Купчан: Па, очигледно не беше спонтана акција. Според она што можеме да го собереме од извештаите на медиумите, камионите го блокирале мостот.
Се направи обид да се предизвика некаков ќорсокак, блокада. Очигледно, група од неколку десетици луѓе побарале засолниште во српски манастир.
Значи, се чини дека ова е добро организирана акција, што ја прави поопасна, бидејќи сугерира дека на терен има групи кои имаат интерес да предизвикаат насилство и се подготвени да се организираат и да најдат оружје што ќе им овозможи да го направат тоа.