Големото мадридско дерби му припадна на Атлетико кој на домашен терен го совлада Реал (3:1), а Лука Модриќ играше од првата минута.
Откако одигра 80 минути против Унион Берлин во Лигата на шампионите, многумина очекуваа дека ќе добие шанса од клупата, но тренерот Карло Анчелоти ги изненади речиси сите со своите стартни единаесет.
Модриќ стартуваше од првата минута, но ова беше меч за заборав. Анчелоти го замени веќе на полувремето, но мора да се признае дека учинокот на целиот тим не беше одличен.
По прволигашкиот пораз, италијанскиот стратег ја објасни одлуката да започне со Модриќ од првата минута:
Сакав да имам поголем посед на топката, а сакав и да го одморам Чуамени“, рече тој, а потоа ја објасни раната замена на Модриќ:
„Не сакам да го вперувам прстот кон никого, и би било премногу да покажам кон Модриќ, но тој не одигра добар натпревар, а исто така и неговите соиграчи“, изјави Анчелоти, кој ја презеде целосната одговорност за пораз во големото дерби.