More

    Од МНР велат дека се прават напори за евакуација на седуммината Македонци

    spot_img

    Група македонски граѓани се исто така заглавени во српското село Бањско, каде цел ден трае вооружебниот судир помеѓу сѐ уште непозната група и косовската полиција, информираше Министерството за надворешни работи.

    Станува збор за шест возрасни лица и едно малолетно дете.

    „Информираме дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е информација за седум државјани на Република Северна Македонија, од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили“, се вели во соопштението од МНР

    Амбасадата на Северна Македонија во Приштина е во комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани.

    „Во текот на денот, во неколку наврати Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со министерката Грвала-Шварц, и во моментов косовската полиција го обезбедува хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени дома. Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани и косовската полиција, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер“, информираат од министерството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img