По долгите гласини дека се во врска, вчера беше потврдена романсата на една од најпознатите пејачки Тејлор Свифт (33) и НФЛ ѕвездата Тревис Келс, кој е само неколку месеци постар. Романсата ја потврди неговиот брат Џејсон.
„Тешко е да се одговори бидејќи не знам многу за тоа што се случува во љубовниот живот на Тревис и се трудам да ја задржам мојата и неговата работа надвор од тоа. Но, кога веќе го кажав тоа, морам да кажам и дека им оди одлично и мислам дека тоа е 100 отсто вистина“, рекол братот на познатиот спортист, ѕвездата на американскиот фудбал, потврдувајќи дека Тејлор Свифт се забавува со Тревис Келс, двократен победник на Супербол, пишува „Мирор“.
Тејлор Свифт која синоќа уживаше во ноќното излегување со актерката Софи Тарнер и е позната на светската јавност. Таа е вистинска поп ѕвезда. Познат е и Тревис, како по спортските успеси, така и по својата харизма и интересен љубовен живот.
Не му е непознат ниту на шоу-бизнисот, па во 2016 година учествуваше во документарниот серијал „Catching Kelce“ во кој се забавуваше со 50 жени. Тејлор Свифт се обиде да ја освои на необичен начин. Тој се подготвуваше да и подари нараквица со својот телефонски број, како што рекол уште во јули на подкастот „New Heights“.
По тоа, тој не ја видел Тејлор Свифт неколку недели, а потоа се сретнале и во последно време често се гледаат во Њујорк.
Славниот спортист со години беше во врска со манекенката Кајла Никол – многу отворено ги покажуваа емоциите и страста во јавноста и на мрежите. Пејачката е многу поодмерена кога е во прашање нејзината интимност.
Тејлор Свифт раскина со британскиот актер Џо Алвин пред неколку месеци, дискретно (за јавноста) исто како што се сакаа.
„Врската тргна по тој пат. Тоа е причината поради која Алвин не беше забележан на ниту еден нејзин концерт“, рекол изворот.
Тејлор Свифт и Џо Алвин беа во врска од 2016 година, а чувствата кон Британецот ги искажа во нејзините бројни песни.