Со 82 гласа пратениците денеска донесоа одлука за основање анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со 82 гласа пратениците денеска донесоа одлука за основање анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Предлогот, поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, беше поддржан од повеќето присутни пратеници.

Пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ смета дека случајот за злоупотребата на терапија на Клиниката за онкологија треба да се расчисти, а анкетната комисија, според него, треба да утврди дали со тој скандал биле загрозени основните човекови права на пациентите кои се лекувале од моментот на ставање надвор од употреба на системот за контрола на терапија, наречен КАТО-систем за подготовка на цитостатиците.

– Анкетна комисија треба да направи анализа на сите документи на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија со цел утврдување политичка одговорност на владините и здравствени функционери поврзани со аферата. Крајно време е системот да профункционира и да потврди дека сме способни и во пракса, а не само декларативно и на зборови да се справиме со тешките облици на криминал и корупција – рече Ристески.

Информациите за злоупотреба на терапија на болните од рак, според него, се фрапантни и загрижувачки и побара одговорност од директорите, министрите, премиерот и целата Влада.

И пратениците од СДСМ ја поддржаа одлуката за формирање анкетна Комисија за скандалот на онкологија, која според пратеникот Ненад Коциќ треба да утврди дали има и политичка одговорност, а ги поддржа и пациентите кои бараат редовно да ја примаат соодветната терапија.

– Доколку има злоупотреби да се евидентираат со име и презиме да бидат обелоденети во јавноста. Не го поддржувам политичкото лешинарство, кое некои помали политички партии, кои пробаа да го уништуваат целиот здравствен систем – рече Коциќ.

Според пратеникот на Левица, Борислав Крмов анкетните комисии досега се формирале за забошотување на случаи, но и покрај тоа рече дека ќе ја поддржат за да се изврши притисок да се стигне до правда и разврска во случајот.

Тој посочи дека најголем дел од лекарите и сестрите на Клиниката за онкологија имале закани по живот и најголем дел од нив користеле одмори, а пациенти чекале по ходниците на онкологија и не можеле да ја земат својата терапија.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article